Ве известуваме дека на 02.04.2024 година Берзата изврши бришење на издавачот Макпетрол АД Скопје од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена понудата за преземање на друштвото од страна на преземачот Оилко КДА Скопје.
Макпетрол АД Скопје беше внесен на 26.12.2023 година на „Листата за набљудување“ согласно 61-а од Правилата за котација, поради објавена намера за објавување понуда за преземање на друштвото од страна на Оилко КДА Скопје.